• Fri. Nov 22nd, 2024

Ќе се тестираат тестираат ли транспортерите при влез во земјава

Ќе се тестираат тестираат ли транспортерите при влез во земјава.

Денеска Комисијата за заразни болести ќе одлучува дали транспортерите кои не се вакцинирани ќе мора од први септември да прават ПЦР- тест за влез во земјава.

Од здружението „Макамтранс“ реагираат на оваа најавена мерка на Владата и велат дека информацијата ја добиле лично од министерот за транспорт Благој Бочварски, кој посочил дека по препораките на здравствените експерти, ќе се донесе конечната одлука.

Претседателката на здружението Билјана Муратовска за Алсат вели дека сметаат оти професионалните возачи на моторни товарни возила да бидат изземени од мерката, за да не се предизвика застој на стоката, а со тоа и удар врз економијата.

„Врз основа на анализа која е направена на места каде транспортерите влегувале претходно со ПЦР тест, во Германија, во Баварија или во Грција покажува дека 0,1 отсто имало појава на позитивни тестови кај возачите. Факт е дека се тие самоизолирани, дури и да имаа некој со асимтоматични случаи, да се носители на вирусот, тие не може никого да заразат затоа што според протоколот при своето движење постојано се во камионите“, изјави Муратовска.

Доколку Владата денеска донесе негативна одлука за нив, транспортерите ќе мора да имаат негативен тест, да бидат вакцинирани или прележани. Од „Макамтранс“ велат дека во тој случај нивниот бизнис дополнително ќе биде на удар, а стоката за испорака со сигурност ќе доцни. На удар ќе бидат репроматеријалите, лековите, нафтата и производите за широка потрошувачка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *