Ќе се разгледува програмата за задолжителна имунизација
На денешната владина седница пред министрите ќе се најде предлог – програмата за задолжителна имунизација на населението за 2022 година. Програмата
е на предлог на Министерството за здравство.
Се работи за редовна програма за имунизација на новороденчиња и училишни деца.
Во тек е и состанок на Комисијата за заразни болести која, на која се расправа
за намалување на деновите за изолација кај асимтоматските случаи од 10 на 7 дена, но и за евентуални нови мерки. Тема е и забрзаното ширење на сојот омикрон.