Ќе се разгледа можноста македонските државјани да можат да прават ПЦР – тест на граница
Македонските државјани кои ќе се затекнат на граница од 1 септември натаму, а не се вацинирани или немаат ПЦР – тест ќе мора да одат во седумдневна изолација, но властите најавуваат дека би можело повторно да се разгледа оваа мерка.
Министерот за здравство денеска најави дека ќе се размисли за тоа дали може вакви тестови да се прават на самата граница при влез во државата. Меѓутоа тоа, како што рече, најмногу зависи од кадарот, бидејќи тие се ангажирани за вакцинацијата на граѓаните.
Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека за ова министерството ќе излезе со дополнителен став.