Вчера , општина Валандово, на системот e-nabavki.gov.mk. распиша јавна набавка која има за цел ангажирање градежна фирма која ќе изврши оградување на градежната парцела планирана за нови градски гробишта. Парцелата на која ќе се изградат новите градски гробишта се простира на 12.400 квадратни метри и истата ќе се огради со бетонска и метална ограда.
Со започнување на процесот на уредување на нови градски гробишта, започнува процесот на решавање на деценискиот проблем на граѓаните од градот и се става крај на ужасот со кој се соочуваа истите при погребување на своите блиски.
Сумата која општината ја одвои за оваа јавна набавка изнесува 2000000 денари, на која и претстои негативна аукција, на системот на јавни набавки.