• Fri. Nov 22nd, 2024

Видео -Ќе се истражува археолошкиот локалитет Китка над Банско

Што крие локалитетот Китка над Банско? Дали е можно токму таму да се остатоците од средновековната тврдина Термица? На овие прашања ќе треба да дадат одговори струмичките археолози, кои годинава ќе истражуваат на оваа локација. Првиот човек на заводот и музеј Струмица вели дека станува збор за проект којшто подолго време е подготвуван и до крајот на тековната година треба да се реализира.

Китка е археолошки локалитет кој се наоѓа во Банско, општина Струмица.

Локалитетот претставува некропола од хеленистичкото време и римското време и средниот век и старохристијанска базилика со некропола. На западниот раб на селото се издига ридот Чукарка, со зарамнет врв на кој се гледаат остатоци од бедем ѕидан со камен и варов малтер, на одделни места зачуван и до 2 метра.

По површината на населбата се среќаваат фрагменти од керамички садови со различна временска припадност и градежен материјал од помали објекти, а биле најдени повеќе македонски, римски и византиски монети. На источниот крај на теренот се зачувани остатоци од базилика и околу неа гробови од камени плочи.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *