Стручен тим од НУ Завод и музеј Струмица во соработка со проф. д-р Трајче Нацев од Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип започнаа со реализација на проектот: ,,Изработка на основен проект за Конзервација и реставрација на Пиргo кулата во с.Мокриево”.Станува збор за доцноантичка кула изградена во периодот 5-6 век, која најверојатно била активна и во периодот на цар Самуил. Проектот е од годишната програма на институцијата и истиот е подржан од Министерството за Култура и општина Ново Село,, стои во објавата на НУ Завод и Музеј Струмица