Ќе се изнајде ли решение за алармантната состојба со водата за пиење во Балинци.Наместо вода од водоводната мрежа тече и кал.
Водоводот во село Балинци, кој од неодамна е под ингеренција на Јавното претпријатие – Комунален сервис од Валандово, најмалку два пати годишно, поради таложење на механички нечистотии во цевките, секнува.Од видеото,се забележува дека водата која протекува низ цевките на водоводот во Балинци, посебно во деновите кога се врши интервентно чистење на истите, е механички неисправна.
Од тамошната Месна заедница во неколку наврати праќале барање до Општина Валандово за изградба на нова бушотина за вода, но за решавање на долгогодишниот проблем со водата за пиење до сега многу малку е направено.Со превземањето на водоводите од Бојмискиот регион, од страна на јавното комунално претпријатие од Валандово, жителите на трите населени места, Брајковци, Балинци и Марвинци, очекуваат истото да се заложи за квалитетот на водата за пиење, но, не се оптимисти дека тоа ќе се реши наскоро.
Песимизмот, го оправдуваат со примерот на Јосифово, кое иако е веќе комплетно превземено од Комуналниот сервис од Валандово, немаат исправна, или имаат вода за пиење со многу низок квалитет.Проблеми со водата за пиење има и во градот Валандово. Покрај дотраената водоводна мрежа од азбесни цевки, се погласни се шпекулациите дека водата е контаминирана со тешки метали, т.е. шестовалентен хром.