Агросоветот почнува со повторна работа. Одлуката за негова реафримација ја донесе Владата, откако неколку години имаше застој во работата. Целта на ова тело е креирање интегрирана политика за земјоделство и рурален развој, како и поширока дебата за прашањата и проблемите од областа на земјоделството и руралниот развој. Од струмичките здруженија велат дека Агросоветот е добредојден за македонскиот аграр, но дека треба правилно да се искористи можноста.
Во ситуација на пад на македонското земјоделство, и во делот на растителното и во делот на сточарското производство, Велков смета дека потребен е организиран пристап по принципот на тутунопроизводството. Токму и овој предизвик ќе биде поставен пред членовите на Агросоветот.
Агросоветот ќе го води министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, а во него членуваат по еден претставник од трите најголеми национални здруженија на земјоделски производители по број на членови, по еден претставник од двете најголеми здруженија на преработувачи, по еден претставник од стопанските комори, по еден претставник од високообразовните и научните институции од областа на земјоделството,еден претставник од здружение на потрошувачи, еден претставник од здружение на единици на локалната самоуправа и еден претставник од здруженија за заштита на животната средина иеден претставник од здружението основано за унапредување на руралниот туризам.