Веќе 5 дена откупот на краставицата е замрзнат а земјоделците се очајни но сепак се надеваат дека министерството за земјоделство заедно со откупувачите изнајдат решение за непречен откуп и дистрибуција.
Земјоделците кои денес беа низ пазарите немаат одговори каде е проблемот што не само , што не се откупува воопшто краставицата туку и цената на доматот кој е во полн ек на берба , е многу ниска.
И откупувачите во струмичко со прашалници и тие немаат одговор каде закочи откупот.Сметаат дека решението лежи во министерството за земјоделство.Децидни се дека не само што мора да се најдат мерки за извоз и пласман на раноградинаството сметаат дека земјоделскиот инспекторат треба секојдневно да е на терен бидејки не сите откупувачи ги почитуваат неделните откупни цени.
Од министерството за земјоделство излегоа со соопштение по средбата со земјоделците и откупувачите дека ја следат состојбите на терен, бербата, откупот и пласманот на земјоделските производите. Информираат дека ќе бидат превземени сите неопходни мерки за непречен откуп, дистрибуција и заштита на домашното производство.