Лупче Дориев од Академија Пандев има можност да заигра за најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија доколку ја потврди својата игра и форма пред одговорните на репрезентацијата. Тој е повика на претстојниот селективниот камп на А репрезентацијата на Македонија кој ќе се одржи од од 9 до 14 декември во Скопје.
Според информациите од Академијата, ова е резултат на успешните настапи на Љупчо Дориев во тековната сезона кои не останаа незабележани од селекторот на Македонија, Игор Ангеловски. Ова е прв фудбалер на Академија Пандев кој е повикан да го носи националниот фудбалски дрес на Македонија.
Дали Дориев ќе стане постојан член на репрезентација и ќе заигра рамо до рамо со неговиот ,, ментор ,, Горан Пандев времето ќе покаже.