• Wed. Nov 27th, 2024

Југоистокот фрла најмалку отпад- најнов извештај на Статистика

Како да пријавиш загадување

Македонските граѓани во 2018 година фрлиле 625 386 тони комунален отпад. Најмалку ѓубре фрлале жителите на Југоистокот од Македонија. Ова го покажува најновиот извештај на Заводот за статистика. Според извештајот, најмногу отпад е собран во скопскиот регион- нешто над 166 илјади тони и 26,5 проценти од вкупно собраното количество на ниво на држава.

Во југостиочниот регион комуналните работници собрале 44.734 тони отпад што го става на последното место според количината. Иако според овој извештај, стои дека 99,5 проценти од ѓубрето е фрлено на депонија, не мал е бројот на дивии депонии. Во општина Струмица изминатиот период почна чистење на губрето од ваквите еколошки црни точки со акцијата ЕКО ФРОНТ.

Инаку, според видовите отпад, на ниво на држава, најголемо количество  собран отпад е измешаниот комунален отпад – 535 604 тони или 85.6 %, а најмало количество отпад од гума – 673 тони или 0.1 % од вкупното количество собран комунален отпад.

 Вкупното количество на создаден комунален отпад  во 2018 година изнесува 854 865 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2018 година изнесува 412 кг по жител, што е за 8.6 % повеќе од истото количество во 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *