Во 10 те општини ќе се бира нов претседател ама во една од нив ќе има двојно гласање, ќе бира и градоначалник.Во општина Ново Село на 20 избирачки места жителите ќе бираат и нов градоначалник.За градоначалник ќе гласаат 11,364 граѓани додека пак за претседател 11,301.Разликата е затоа што се пријавиле и од дијаспората за галасање за нов градоначалник.Во најголемата општина во југоистокот – Струмица ќе се гласа на 80 избирачки места а право на глас имаат 49.162 граѓани со прво на глас.Дене сгласале вкупно 146 граѓани кои влегуваат во категорија на болни и изнемоштени , но и оние ои се во казнено поправниот дом.Граѓаните пак на о.Радовиш ќе гласаат на 46 гласачки места, а право на глас имаат 23,522 гласачи.Соседната општина Конче утре ќе ги отвори 10 избирачки места за 2,703 граѓани кои имаат право на глас и гласаат за нов претседател на Македонија.
Жителите на Василево утре од 7 часот наутро ќе можат да го дадат својот глас на 19 избирачки места , а право на глас во оваа општина имаат вкупно 10,446 граѓани , додека пак денеска гласаат 61 болно и изнемоштено лице. 12,163 жители од о.Босилово утре можат да го остварат правото на глас на 19 избирачки места во општината и населените места,а пак денеска 107 лица гласаат. Жителите на о.Богданци утре ќе можат да го остварат правото на глас на 12 избирачки места а право на глас имаат 6,465 жители, додека пак денеска 35 болни лица веќе го оставрија своето граѓанско право и гласаа за нов претседател на државата.
Гевгеличани утре ќе гласаат на 36 избирачки места а право на глас имаат 19,242 житеки ,денес пак 102 болни и затвореници веќе го остваруваат правото на глас , а од општинската изборна комисија велат дека гласњето тече без никакви проблеми.Дојранчани ќе гласаат на 9 избирачки места а право на глас имаат 2.755 .
Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата кандидати со најмногу гласови од првиот круг. Одзивот во вториот круг треба да биде над 40% за гласањето да се смета за важечко. Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.