Според ковид статистиката заклучно со денешниот ден во југоисточниот регион се регистрирани 446 активни случаи на Ковид 19. Од нив најголема бројка се забележува во Струмица со 161 активен случај.
Гевгелија која изминатиов период беше и најголемото жариште во југоистокот падна и под Струмица со бројките, а во моментов брои 154 активни случаи на вирусот.
Со 86 случаи е и Радовиш , следуваат Богданци со 31 случај и Валандово со 14 активни случаи на Ковид 19.
Општина Дојран заклучно со денешниот ден нема регистрирано ниту еден случај.