Почитувани корисници, Ве известуваме дека во пониските делови од Стар Дојран се очекува да биде пуштена водата околу 12 часот. Што се однесува до повисоките делови, водата ќе дојде покасно, а во меѓувреме е пратена цистерна за достава на вода која секој момент ќе помине низ улиците. Освен нова пумпа, се поставува и комплетно нов цевковод од бунар до резервоар. Екипите се наоѓаат сеуште на бунарското подрачје Деребаш и веќе се при крај со работата.