ЈПКД „Турија“, Василево има на располагање 95 нови контејнери за смет, обезбедени со средства од Европските фондови преку УНДП Проектот „Подобрување на општинското владеење“.
Станува збор за големи контејнери со зафатнина од 1,1 м3 кои главно ќе бидат лоцирани во непосредна близина на јавните објекти, претпријатија и установи, каде што има поголема фреквенција на население а не се покриени со соодветни садови за собирање на отпад.