По признанието од струмичани, лично од амбасадор Јордан Плевнеш кој беше гостин во Општина Струмица, градоначалникот Костадинов беше почестен со информацијата дека е избран за Личност на Југоисточна Европа за 2024 година.
Таква била одлуката на Одборот на Фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз 11 години, во Берлин 7 години и во Вашингтон 4 години, и кој е препознатлив прозорец на културата на Југоисточна Европа во светот.
Признанието ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани и како што рече Плевнеш, ако Балканот е срцето на Европа, денеска Струмица е главниот град на тоа срце на Европа, благодарение на ова признание.
„Ова огромно светско признание го посветувам на сегашните генерации струмичанки и струмичани, но и на идните, како порив уште повеќе да си ја негуваат, сакаат и чуваат општина Струмица, оти Струмица сме ние, колку ние ја љубиме Струмица, толку и таа ни возвраќа нам“, изјави градоначалникот Костадинов.