Одбојкарите на Струмица претрпеа пораз од Шутова од Кичево со резултат од 3:0. Ова е втор пораз на струмичките одбојкари оваа сезона и по втор пат од кичевчани кои отворено најавуваат прекин на доминацијата на струмичани во атакот за двојната круна. Попладнево во спортската сала Партизан, момците на Кире Ричлиев не успеа да го издржат притисокот на кичевчани во чии табор речиси заиграа сите квалитетни одбојкари од Македонија. Во составот на Струмица не играа Николов, Милев кои беа најавени како нови засилувања. Според информациите екипата ќе се засили за Куп завршницата и плеј офф пресметката за освојување на Шампионската титула. За потсетување во првата меѓусебна пресметка струмичани во Кичево, од Шутова претрпеа пораз од 3:1 во сетови