• Sat. Nov 23rd, 2024

Јапонската амбасада ќе донира комунално возилов на ЈПКД Огражден во Босилово

ByВане Трајков

Dec 13, 2021

Денеска во посета на општина Босилово беше aмбасадорот на Јапонија Хиронори Савада. На средбата, со Aмбасадорот Савада,. градоначалникот Ристо Манчев разговараше за можностите и перспективите за соработка на сите полиња од заеднички интерес.

Во рамки на денешната посета, градоначалчникот Манчев и амбасадорот Савада го потпишаа договорот за ,,Проект за обезбедување на општина Босилово со комунално возило’’. Преку овој проект Јапонија ќе обезбеди ново комунално возило за општината во износ од 67.820 евра без ДДВ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *