Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, денеска организираше прием за членовите на одбојкарскиот тим на основното општинско училиште „Видое Подгорец“ кој го освои првото место на државното првенство во одбојка за основните училишта во женска конкуренција. Градоначалникот и младите одбојкарки разговараа за првенството, за нивната игра и постигнатиот успех. Честитајќи им ја победата, градоначалникот Јаневски потенцираше дека тој и општина Струмица секогаш ќе го поддржуваат и поттикнуваат училишниот спорт и ќе бидат пријатели на младите спортисти.