• Thu. Nov 21st, 2024

Што со непродадената пченица од минатата реколта?!

ByВане Трајков

Apr 28, 2023

Не 10 туку 25 илјади тони жито скапува во домашните силоси. Ова жито кое полека но сигурно го губи својот квалитет на пазарот остана неоткупено па сега се бара чаре да се откупи за сите страни да бидат задоволни.

Од Националната федерација на фармери велат не забрана за увоз туку активирање на интервентниот фонд за да може да се откупи тоа што веќе останало во силосите од ланската реколта. Но зошто не било откупено побаравме одговор и од федерацијата на фармери, денес велат дека една од причините е и тоа што земјоделците, млинарите и трговците сакајќи повисока цена останале без откуп. Сепак, апелираат да не се запоставува домашниот земјоделец за да не се случи да останеме без домашно производство. 

„Во таа изјава, тој ден, кога имавме годишно собрание на Факултетот јас сум рекол 10 илјади тони од земјоделците. Мешутоа не го знаев ова второто коешто вчера на состанок ги кажаа своите проблеми оние трговци, млинари, и дојде до 25 илјади тони, а млинарите ланската година откупиле некаде 60 илјади тони. Повеќето се такви кои чекале поголема цена и сега знаеш како, јас ги обвинувам и овие земјоделците ти немој да бараш преку леб погача, сега 19 – 19, 18 – 18. кај сите турци таму и Алија. Ќе го дадеш па вгодина здравје, меѓутоа овие чекале да бидат малку побогати, ептен богати за една година епа тоа не го бива.“- вели Синани од Националната федерација на фармери.