Владата на Шпанија планира да ги укине сегашните ограничувања поради коронавирусот во две фази: првата ќе трае во текот на летото, а втората до крајот на годината, рече денес Јоланда Дијаз, министерка за труд и социјална економија, пренесе Макфакс.
„Ќе работиме во две фази. Во текот на летото ќе се осврнеме на секторот производство и работните места, а втората фаза ќе трае до крајот на годината. Укинувањето на мерките ќе оди постепено“, рече Дијаз, пренесува Си-Ен-Ен.
Дијаз рече дека сите решенија за укинување на мерките ќе бидат засновани на советите од здравствените работници, но додаде дека нормалниот начин на живот нема да биде ист како порано.