• Sat. Nov 23rd, 2024

Шиханци доминираа во кихон и џиу борбите на државниот Шампионат – Спасе Стојанов апсолутен победник кај сениорите

ByВане Трајков

May 13, 2018
Карате клубот ,,Шихан,, од Струмица на одржаниот државен шампионат во традиционално карате во борби  настапи со шест наптреварувачи кои во Струмица се вратија со медали, но посебно радува што беа доминантни со девојчињата во две дисциплини
Во женска конкуренција дисциплината Кихон ипон целосна доминација на  каратиските од Шихан. Првото место го освои Александра Стојановска  која има 12 години, втора беше Снежана Пеливанова со 13 години а третото отиде кај Невенка Малинова која има 12 години. Овие девојчиња се натпреваруваа и во џиу ипон борбите каде пак Малинова се закити со злато, Пеливанова со сребро додека Стојановска бронза
Во машка конкуренција Максим Илиев 12 годишен го освои второто место во џиу ипон а со медали се вратија и  неговите колеги сениори
Апсолутен победник во сениорска конкуренција е Спасе Стојанов додека неговиот колега Стојан Костадинов ја освои бронзата

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *