Шест аеродроми низ Франција се евакуирани денеска откако по електронска пошта беа испратени „закани за напад“, изјави полициски извор за локални медиуми.
Евакуацијата на аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Бове во близина на Париз ќе им овозможи на властите „да ги расчистат сите сомнежи“ дека заканите би можеле да се реални, рече изворот.