Откако Мартин Гоцев и Ина Крумова од Струмица, станаа Државни шаховски прваци на Македонија до 10 и 8 години, тие се стекнаа со право да настапат на Светското младинско шаховско првенство во Египет кое ќе се одржи во октомври годинава. Според пропозициите тие треба да бидат дел од македонската шаховска репрезентација во соодветните категории на Светското во Египет.
Но со оглед дека учесниците ќе мора сами да ги обезбедат потребните средства, заради слабата финансиска кондиција на Федерацијата, под знак прашање е заминувањето на овие млади струмички шаховски таленти. Во јули треба да потврдат дали ќе земат учество на Светското во Египет за да преку федерацијата бидат пријавени за настап во рамките на младинската репрезентација.
Тренерот од ШК Цареви Кули Филип Козаров се надева дека ќе ги обезбедат потребните средства за Гоцев и Крумова за што упатија апел до сите физички и правни лица но и институции да бидат спонзори за настапот на овие млади струмички таленти. Козаров верува дека овие деца можат да остварат висок пласман во Египет доколку учествуваат
,,Децата имаат потенцијал и квалитет. Играат како повозрасни иаско имаат 8 и 10 години. Треба да се обезбеди можност но и да им се даде шанса на Мартин и Ина да бидат дел од ова големо натпреварување,, вели Козаров