Фонтаната кај кружниот тек на булеварот Маршал Тито подолго време беше нефункционална, а од денеска таа доби нов лик. Беше извршена реконструкција со замена на старите пумпи и инсталација на нови, како и вградување на светлосни ефекти.
Планирано е и хортикултурно уредување околу фонтаната со што ќе се добие целокупно освежена слика на овој кружен тек.