• Sat. Nov 23rd, 2024

Шампионите во БИБЛ лигата КК „Блокотехна“ се сретнаа со Поцков

Градоначалникот на општина Гевгелија ги прими кошаркарите на Блокотехна, кои ја освоија шампионската титула на БИБЛ лигата во Тирана. Притоа, градоначалникот на КК Блокотехна и раководството и стручниот штаб на клубот им ја честита шампионската титула. Истовремено, изразувајќи благодарност до оваа кошаркарска екипа за придонесот што го дава во афирмацијата на спортот и воопшто на Гевгелија.


-Гевгелија заслужено доби шампионска титула во регионалната БИБЛ лига, бидејќи Блокотехна покажа дека не само што се наоѓа во врвот на елитната кошаркарска лига во нашата земја, туку е и водечка екипа во балнаската лига. Тоа е голем и значаен успех, кој не само јас, туку и цела Гевгелија го поздравува и почитува. Нашиот град има две кошаркарски прволигашки екипи, кои се натпреваруваа и во БИБЛ лигата, престојниов викенд сме домаќини на Кошаркарскиот куп на Македонија, чии организатори се токму овие две кошаркарски екипи. Не е нескромно ако кажам дека очекувам една од двете кошаркарски екипи да стигне во финалето, бидејќи Гевгелија тоа го заслужува. Заедно со Скопје, тоа е единствениот град, кој учествува со две екипи на кошаркарскиот куп и дава голем придонес во македонската кошарка, рече градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков на приемот на кошаркарите на Блокотехна.


Притоа, градоначалникот Поцков изрази благодарност и до првиот човек на овој кошаркарски клуб Томица Главчев, бидејќи со својот ангажман и поддршка има значаен удел во успехот на кошарката во Гевгелија. Најпрво, преку КК Кожув, а сега и преку КК Блокотехна. Што е уште позначајно двата кошаркарски клуба имаат добра соработка и една цел – да ја афирмираат кошарката, а се разбира и Гевгелија.
-Општествената одговорност на компаниите може да има значајна улога во развојот на спортот, особено, по последните законски поволности. Меѓутоа, во нашата општина мал број компании ја применуваат општествената одговорност, поточно, списокот се сведува на само неколку странски фирми, кои имаат хотел казина на овие простори и неколку други компании. Компанијата „Ноел“ и Томица Главчев на најдобар и можен начин ја демонстрираат општествената одговорност во пракса, кој пример треба да го следат нивниот пример, нагласи Поцков.
Првиот човек на „Ноел“ и КК Блокотехна Томица Главчев заблагодарувајќи се до сите играчи за шампионската титула, истакна дека радоста за успехот е уште поголема, бидејќи за Тирана заминавме со тажни очекувања. По втор пат учествуваме во фајнал форот на БИБЛ лигата и по втор пат се соочивме со ист хендикеп, овој пат тројца повредени водечки играчи. Меѓутоа, благодарејќи на борбеноста и пожртвуваноста на другите кошаркари, а секако и стручниот тим, на голема радост станавме шампиони. Тоа само треба да претставува поттик за претстојниот куп, што се одржува во Гевгелија, и нашите очекувања се да стигнеме до финалето. Односно, еден од двата гевгелиски клубови да стигне до финалето, бидејќи тогаш навистина ќе се сфати сериозноста на фактот дека Гевгелија е навистина град на кошарката, рече Томица Главчев, упатувајќи благодарност до градоначалникот за соработката и воопшто за поддршката на кошарката и спортот во општината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *