Освен во хартиена физичка форма,полесно достапни за читање денес се книгите во електронска форма.Таквите е- книги веќе достапни се на дигитализираната веб страница на струмичката библиотека „“Багој Јанков Мучето“.Моментално страницата не располага со голем број книги,но во иднина како што вели директорот на оваа установа, се надева дека ќе имаат подршка од повеќе автори и ќе има повеќе достапни книги.
Мустафов вели дека немаат статистички податоци колку има посетеност на нивната страница за читаење книги во електронска форма, но се надева дека во иднина ќе има поголем број на авторски дела во дигитална форма,а со тоа ќе се зголеми и заинтересираноста на читателите.