Четри дена ни трага ни глас од 27 годишниот Никола Милев од Радовиш.
На 19 ти вечерта околу 21 часот , сестра на исчезнатиот пријавила во СВР Струмица , дека нејзиниот брат се оддалечил од домот предходниот ден и не е вратен. Исклучен му бил мобилниот телефон , а незнаеле каде е ниту најблиските пријатели. Милев е со адреса на живеење во Радовиш, но неговите две сестри подолг период престојувале и работеле во Струмица, а нивниот брат почесто, времето го поминувал во Струмица отколку во Радовиш.
Информацијата за исчезнувањето ја потврдија и од СВР Струмица, портпаролот Александра Трајановска конкретизираше дека истрагата е во тек , се презвемале сите неопходни мерки за доаѓање до некаква трага, а информирано било и ЈО од Струмица.
Милев, во Радовиш живеел со неговиот татко , а мајка му била почината. Нашата екипа не успеа во текот на денешниот ден да се поврзе со семејството. На веб страна на МВР , слика и податоци за исчезнатот Милев сеуште не се објавени.
СВР Струмица во мометов е со уште една отворена истрага по лицето 28 годишната Марија Брзакова која беше пријавена за исчезната, кон крајот на јануари 2019 година.Таа подолго време е на листата на исчезнати лица на МВР, а интензивно се бараше и со апели на социјалните мрежи. На повеќе локации во Струмица се уште има флаери со нејзини фотографии и контакт броеви на коишто може да се обратат граѓаните.