Четири часа гори кај Богданци. Запалена е нискостеблеста шума и сува трева, а според информациите на Дирекцијата за заштита и спасување пожарот се шири кон ветерниците. Неповолно е што дува ветер и брзо се зафаќа нова површина.
Како што изјави за канал ВИС, Ѓорге Илиев од Дирекцијата за заштита и спасување, се гаси со два авиони од дирекцијата, а присутни се и од противпожарната единица од Валандово, како и вработени во шумското претпријатие. Во гасењето на пожарот активно е вклучено и локалното население на Богданци.
Засега населениот дел од Богданци не е во опасност, но, се стравува дека огнот ќе се префрли и на нова површина утре ако до крајот на денот не се локализира пожарот.