Шест нови случаи на корона – вирус во Струмица, двајца во Валандово, по еден во Радовиш и Гевгелија. Вкупно десет нови случаи се регистрирани од Министерството за здравство изминатите 24 часа. За истиот период во регионот има и четири нови жртви.
Починале двајца пациенти од Струмица на возраст од 48 и 75 години, еден од Радовиш – 76 годишен и еден 65 годишен пациент од Дојран.
Во Југоистокот се регистрирани и 30 оздравени пациенти.
19 во Струмица,
5 во Гевгелија,
3 во Валандово и
3 во Радовиш.