• Wed. Nov 27th, 2024

ЧЕТВРТИНА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ОД ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН

Процентот на работниците од земјите од Западен Балкан во вкупната бројка на странски работници во Германија во последните три години е зголемен од девет на 25 отсто, јави агенцијата Анадолија.

Државите, од кои овие луѓе заминуваат, можат да помогнат во враќање на работната сила на начин што ќе ги поттикнат луѓето. Мораат да формулираат политики и стратегии да се вратат луѓето, беше порачано на вчерашната панел дискусија одржана во рамките на тридневниот Сараево бизнис-форум (СБФ) 2019 година кој завршува утре.

Јубилејната 10-та меѓународна инвестициска конференција Сараево биснис-форум (СБФ) и оваа година ги собра воечките деловни и политички лидери од регионот и од светот. Во рамките на конференцијата е одржана и панел дискусија насловена „Предизвици за регионот и југоисточна Европа”, на која се разговараше за можностите за надминување на предизвиците со кои се сретнуваат стопанствениците во регионот, односно како „одливот на мозоците, да се претвори во привлекување мозоци.”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *