• Fri. Nov 22nd, 2024

Честитка од Јаневски за Бадник и Божиќ

Коста Јаневски градоначалник

Струмичкиот градоначалник Коста Јаневски, упати честитка до граѓаните за Бадник и Божиќ. Во неа се вели:

„Постои меѓу народот една порака која вели „Кај и да си, за Бадник и Божик, дома да си“. Во таа порака се наоѓа суштината на значењето и големината на претстојните празнувања кои ја истакнуваат важноста на симбиозата помеѓу Рождеството Христово и домот.

            Токму затоа, Ви посакувам светлина, топлина, хармонија, благосостојба и радост во Вашите домови, во кои на најубав можен начин се дочекува Бадник, и најдостоинствено се прославува Божик, како еден од двата најголеми празника во христијанскиот свет.

            Со чисти души, отворени срца и ведри лица празнувајте ги и годинава Бадник и Божик, и со вера, љубов и надеж, побарајте здравје, среќа и спокој за Вас и Вашите ближни. Тоа се нештата кои ни ја откриваат смислата на живеењето.

            Нека Ви е благословено празнувањето. Нека Ви се честити и вековити Бадник и Божик.

            ХРИСТОС СЕ РОДИ“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *