Во чест на Светите браќа Кирил и Методиј – мисионерите на христијанството, изумителите на глаголицата и сејачите на семето на писменоста и културата меѓу словенските народи, денот на почетокот на нивната Моравска мисија – 24. Мај, го одбележуваме како Ден на Сесловенските просветители, но и Ден на просветните работници во нашава земја.
Имајќи ја во предвид големината на овој ден, како и големината на просветителите и нивното грандиозно дело, Ви посакувам да бидете достојни следбеници на тоа дело, а во интерес на Вашите ученици. Вие ја имате најблагородната професија од која зависи сеопштиот развој и прогрес на нашето општество. Бидете горди на тоа и бидете на висината на задачите и предизвиците кои се наоѓаат пред Вас.
Нека Ви е честит и вековит Денот на Сесловенските просветители – Св. Кирил и Методиј и Денот на просветните работници.