• Fri. Nov 22nd, 2024

Чанаклија – Нова маала и Муртино – Еднокуќево ќе се асфалтираат, одлучи Советот на градоначалници од Југоистокот

Патот Чанаклија – Нова маала ќе се асфалтира идната година . Овој проект на општина Василево беше изгласен како најприоритетен од страна на Советот на градоначалници од Југоисточниот плански регион од средствата од Бирото за регионален рамномерен развој. Освен овој пат ќе се асфалтира и патот Муртино – Еднокукево како втор приоритетен проект. За претседателот на Советот – Иван Франгов одлуките биле едногласни

Градоначалникот на Василево Ванчо Стојанов вели дека конечно ќе се заокружи патниот правец Чанаклија – Нова маала со што целиот подогражденски регион ќе биде поврзан. Овој пат ќе биде и во фунција на планираните винарски визби и фотоволтаичните системи што ќе се градат кај Нова маала.

Градоначалниците одЈугоисточниот плански регион се согласија и околу систематизацијата на работните места од Центарот за развој на овој регион

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *