• Fri. Nov 22nd, 2024

ЦРЈПР ќе има нов директор, разрешена Ѓуркова

ByВане Трајков

Jul 25, 2022

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе има нов директор. На седница одржана во Ново Село е разрешена Жулиета Ѓуркова. Одлуката ја донесе Советот на градоначалници од Југоистокот со 8 гласа ,,За“.Претседателот на Советот, гевгелискиот градоначалник Андон Сарамандов ни изјави дека со официјална информација за разрешувањето на првиот човек на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе излезе во текот на утрешниот ден.

Ѓуркова останува во Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на раководно место. Перидот што следи ќе биде распишан нов оглас за директор. До тогаш со ова институција ќе раководи Јован Коцев вработен во Центарот како ВД директор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *