Во рамките на своите здравствено-превентивни активности, а како дел од одбележување на Неделата на срцево-садови заболувања (21-28 февруари), Црвен крст Струмица организираше низа активности насочени кон превенција на срцевосадовите заболувања.
На ден 28.2.2024 година, во просториите на Општина Босилово се организираше едукативно предавање за превенција, третман и лекување на болестите на срцето и крвните садови, кое прим д-р Васил Тунев го одржа на вработените во Општина Босилово.