Црвениот крст бесплатно ќе ги обучува граѓаните за укажување прва помош.Кампањата под мотото „Твоето незнаење чини живот“ наменета за возачите почне на 15 јули, а следува по направени анализи дека во голем број случаи граѓани, пред сѐ возачи, не знаат правилно да укажат прва помош во случај на сообраќајна несреќа
Кампањата ќе трае до 15 септемри ќе се одржат бесплатни курсеви за возачите во 33 општински огранизации на Црвениот крст и ќе бидат опфатени 8.000 возачи. Од Црвениот крст велат дека со обновување на знаењето за укажување прва помош ќе се спречат поголеми здравствени последици, но и жртви од сообраќајни несреќи.