Црвениот крст на Република Северна Македонија ОО Струмица денеска го одбележува 8 Мај– Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина под мотото #Даживеехуманоста.
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува во сите 191 национални друштва во чест на основоположникот на движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина Анри Динан, кој е роден токму на 8 Мај.