Циклонот АЛЕН постепено ја зафаќа нашата земја и во текот на денешниот ден ќе предизвика услови за слаб локален дожд, а во вечерните часови и во текот на ноќта повремени врнежи од дожд. Врнежите утре ќе се прошират насекаде и ќе бидат проследени со појава на грмежи. Во текот на утрешниот ден можно е невреме со појава на град и засилен ветер.
Денес максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени, додека утре ќе се движат од 15 до 22 степени во најтоплите региони од државава.
Во понеделник поради спуштање на постудена воздушна маса во вечерните часови и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови значителен пад на температурите, така што врнежите од дожд ќе поминат во врнежи од снег, на планините.
Во понеделник максималните дневни температури на воздухот ќе се движат од 9 до 18 степени додека пак во среда наутро ќе биде значително постудено и на места температурите на воздухот ќе се спуштат под нулата, односно од -2 до 6 степени.