Синоќа се одржа централниот настан Вело Град, во рамките на четиридневниот Фестивал за љубителите на велосипедизмот – ВЕЛО СТРУМИЦА.
-Симболично од местото каде што пред 100 години е отворен првиот сервис за велосипеди во Струмица, го најавив проектот „Струмица – Паметен вело град“ финансиран преку програмата „ЕУ за општините“ кој во фокусот ја става урбаната мобилност на Струмица, нејзиното подобрување и унапредување. Струмица до 2025 година ќе биде напреден ВЕЛО ГРАД по урнек на многу современи европски градови, најави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.