Цените на горивата оваа недела остануваат непроменети, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 69,5 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 71,5 денари за литар, а на дизелот 61,5 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за половина денар и со тоа новата цена изнесува 51, 5 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,014 денари за килограм на 34,181 денари за килограм.