Цените во маркетите од ден за ден сè повисоки
Цените на сите производи од ден за ден се зголемуваат. Граѓаните се жалат дека секое влегување во продавница наоѓаат нови цени. И покрај владините мерки, поскапување има и на основните прехранбени производи како млечните производи и брашното, а маслото за јадење се продава во одредени маркети и по 130 денари за литар.
„И тоа каква разлика има, порано со илјада денари тоа што ти е предвидено ќе го купиш, ама сега излезеш ли со тие пари нема што да купиш…“
„Тешко многу е тешко со оваа скапотија не се живее. Зејтинот е 130 денари брашното е поскапено, јајцата се поскапени како што викаат нема да има јајца, месото, сè е поскапено…“
„Да не кажувам оган се цените, последен пат 120 денари ама рекоа ќе било 140 денари зејтин. Сè е поскапено…“
„Зејтин има различни цени во различни продавници од 100 до 130 денари. Земам повеќе зеленчук и овошје на пазар и таму покачени се цените на сè…“
„Зејтинот што го видов сега во автокоманда е 145 денари денари, а по другите продавници немаше нигде зејтин“, реагираат граѓаните.