Секој Велигден иста приказна. Наместо јајцата да поефтинат, тие или поскапуваат или ја држат истата цена како што е во текот на цела година. На сам ден пред Велики четврток, една табла јајца се продава по цена од 150 до 180 денари во зависност од големината и класата на јајцето. Цената е иста како и ланската но и прифатлива за повеќето граѓани. Тие велат дека цената е нормална, но дел сметаат дека таа треба да е поефтина, особено пред Велигден, кога сите купуваат за да ја обележат традицијата.
Продавачите годинава се задоволни од продажбата на јацата. Велат дека граѓаните купуваат, а според нив најважно е што цената не е повисока од ланската.
Освен јајцата, домаќинките набавуваат и јагнешко месо кое секој Велгден е дел од трпезата на семејствата. Тука се и боите за јајца, сликички, кошнички и керамички украси со велигденски мотиви кои се нудат по најразлични цени во зависнот од големината.