Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,59 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 78, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 77 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,087 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 и ќе изнесува 41,352 денари.