• Mon. Nov 25th, 2024

Царовска: Нема интерна трансмисија на зараза во училиштата

Царовска: Нема интерна трансмисија на зараза во училиштата

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и епидемиолошките служби се на терен и постапуваат, вели министерката за образование откако вчера беа објавени информации дека има позитивни ученици, кои на 1 септември дошле на физичка настава

Немаме заразени ученици во училиште, односно сѐ уште нема интерна трансмисија во ниту едно училиште, вели министерката за образование Мила Царовска откако вчера беа објавени информации дека има позитивни ученици, кои на 1 септември дошле на физичка настава.

Царовска вели дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат и епидемиолошките служби се на терен и постапуваат.

„Покажување со прст на школо или ученик нема да донесе добро никому. Но значајно е дека целите здравствени служби се ставени на располагање и постапуваат. Тие што треба да знаат, како родители, наставници и ученици знаат, си имаат добиено решенија и се постапува согласно протоколите“,

изјави денеска Царовска.

Претходно, МОН преку соопштение објави дека врз основа на податоците добиени од раководствата на училиштата на втори септември, само 0,01 % меѓу учениците се активни случаи на ковид-19, а ист е процентот и кај наставниот кадар. 

Денешното соопштение од МОН е откако вчера повеќе медиуми објавија дека се пријавени првите случаи на заразени ученици, по само два дена од почетокот на учебната година, која започна со физичко присуство по една и пол година учење на далечина.

Од Министерството за здравство велат дека добиле податоци за вакви случаи и повеќе детали најавија за денеска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *