Во СОУ „Јане Сандански“ беше поставен хуманитарен новогодишен базар во организација на Тимот за меѓуетничка интеграција и Училишниот инклузивен тим, со помош на останатите професори од училиштето.
Учениците и вработените пробаа од вкусните јадења и прекрасните рачно изработени сувенири кои се продадоа за многу кратко време.
Собраните средства ќе бидат наменети за помош на малата Дениса од Штука.