Општина Гевгелија организира хуманитарен концерт „Од срце за Луна“ за Луна Поп-Костова од Гевгелија, на која ѝ е потребна финансиска помош за лекување во Турција. Хуманитарниот концерт е во соработка со и учество на Националната алијанса за лица со посебни потреби „Мајка Тереза“- Гевгелија, ОО Црвен крст- Гевгелија, ЈУМЦСР- Дневен центар за лица со попреченост- Гевгелија и локални изведувачи и ќе се одржи на 21 јули 2023 година (петок), на Градскиот плоштад во Гевгелија.
Заедно сплотени под мотото „Нека Гевгелија биде центарот а хуманоста- дојди, донирај и биди причината за подобро утре!“, во културно-уменичката програма за хуманитарниот концерт „Од срце за Луна“ ќе учествуват: Драмската, Ликовната и Секцијата ударни инструменти при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЗГ „Калинка“- Гевгелија, ЗГ „Внимание“- Гевгелија, Танцово студио „Мистик“- Гевгелија и бенд „Небула“.
Општина Гевгелија ги поканува сите гевгеличани да бидат дел од овој хуманитарен концерт, со цел побргу собирање на потребната сума за лекување во Турција на малата сограѓанка, 14-годишната Луна Поп-Костова, со дијагноза спастична церебрална парализа и сколиоза во последен статидум.