На плоштадот „Гоце Делчев“ Струмица, на 6 јануари (сабота) со почеток од 11:00 часот ќе се одржи Хуманитарен Бадникарски концерт со кој ќе се најави раѓањето на Богомладенецот во организација на Фондацијата „Елеуса“.
Од 10:00 часот ќе тргне поворката – Бадникова литија од Црквата „Св. Кирил и Методиј“ кон зградата на Општина Струмица. Градоначалникот Костадин Костадинов и Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски ќе ги пречекаат децата и ќе им подарат божиќни пакетчиња. Потоа, сите ќе продокѓат кон градскиот плоштад, а во 11:00 часот ќе започне Хуманитарниот Бадникарски концерт.
Фондацијата „Елеуса“ го организира настанот во соработка со Струмичката Епархија и Школата за веронаука при Црквата „Св. Кирил и Методиј“, под покровителство на Општина Струмица.