Струмичката болница го зголемува капацитетот на легла за прием на новопозитивни од Ковид 19. Хируршката амбуланта е испразнета и преселена во фамозниот нов крак, таму пациентите ќе ги добиваат здравствените услуги , а во веќе старата хирушка ќе се примаат новопозитивните.
Последните седмици бројот на позитивни во континуитет се зголемува, а на инфективно капацитетот од 20 легла е исполнет.
Струмица речиси 5 месеци беше на дното од табелата со заболени на Ковид 19, ама сега е рекордер во активни 154 случаи во цела источна Македонија од Крива Паланка опа се до Гевгелија.