• Fri. Nov 22nd, 2024

Фото- Со вино за бериќет, Наковски волеј и Партизан потпишаа договор за соработка

ОК Наковски волеј од Струмица и ОК Партизан од Белград-Србија ја официјализираа соработката со меморандум.  Хари Наковски и Жељко Танасковиќ ставија потпис на меморандумот што ќе значи размена на искуства и можност за доусовршување на струмичките одбојкарки но и тренерите во одбојкарската велесила – Србија. Гостите од Белград  на Хари Наковски му врачија вино со аблемот на ОК Партизан и истакнаа дека во секој поглед ќе соработуваат со струмичкиот клуб во чии редови имало млади надежни одбојкарки. Инаку девојките на двата тима одиграа и пријателски натпревар во кој славеа гостинките од Србија.  Вториот меѓусебен натпревар ќе го играат во недела во 12,30 во салата при СОУ Димитар Влахов – каде ќе биде и првиот турнир во пионерскиот шампионат на Македонија

15150998_10209654637060784_1087948810_n 15139227_10209654664861479_866517533_n 15151101_10209654636460769_2100967212_n  15139576_10209654634900730_1849510550_n

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *